EN | SK | GR | MK | IT | ES | RO


AXESS Стекнување на Клучни Компетенции за Економска и Социјална Одржливост

Крајната цел на проектот е да се зголеми вработливоста на жените преку развиен и проактивен социјален и граѓански ангажман. Во денешниот свет ова е цврсто поврзано со нивото на дигитални вештини.

Горенаведените компетенции (чувство на чувство на иницијатива и претприемништво, социјални и граѓански компетенции, дигитална компетентност) се меѓу 8-те Клучни Компетенции за Доживотно Учење формулирани од Европската Комисија. Исто така, ОЕЦД се занимава со компетенциите на возрасните, особено во Програмата за Меѓународна Проценка на Компетенциите за возрасни (PIAAC). Истражувањето за решавање на проблемите во технолошки-богати средини, меѓу другото, покажа дека жените во некои земји имаат помалку развиени дигитални вештини отколку мажите.

AXESS се осврнува на потребите на целните групи (возрасни жени) преку развивање и имплементирање на конкретни обуки и образовни ресурси (ОЕР, отворени образовни ресурси) за возрасни жени да ги унапредат своите дигитални компетенции и вештини.

Главните резултати на проектот се:

AXESS Платформа - онлајн интерактивна платформа со отворени образовни ресурси структурирани во 5 области на ЕУ "Рамка за Дигитални Компетенции DigComp 2.0": (i) Писменост за информации и податоци; (ii) Комуникација и Соработка; (iii) Креирање на дигитална содржина; (iv) Безбедност; (v) Решавање на проблеми.

Основен Извештај за Дигитални Вештини и Компетенции (потреби за обука)



Овој проект е финансиран со поддршка од Европската Комисија. Оваа веб-страница и нејзината содржина ги одразуваат ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во неа.