AXESS Acquisition of Key Competences for Economic and Social Sustainability

Проект: "Вработување и жени на 21 век во Европа: од економија на домаќинствата до економија на мали и средни претпријатија (економија на


CS_2_MK  

 Title
Проект: "Вработување и жени на 21 век во Европа: од економија на домаќинствата до економија на мали и средни претпријатија (економија на

 Keywords
Вработување, Жени, Економија на домаќинство, Мали и Средни претпријатија

 Author
CDI

 Languages
English

 Description
MUPYME страната за обука е фокусирана на обезбедување на специфична обука за луѓе кои развиваат обуки и наставни активности за домаќинките. MUPYME страната за обука е простор во кој идните обучувачи на домаќинките ќе најдат содржини и корисни ресурси за дизајнирање и поддршка при обучувањето.
Во рамките на онлајн платформата за обука "MUPYME Training Site", се нудат различни опции за учење – ОБЛАСТИ НА ЗНАЕЊЕ, овозможувајќи да се учат нови техники, училишни стратегии, методи на предавање, концепти или материјали, кои ќе им понудат на идните обучувачи на домаќинките широк спектар на опции така што тие ќе можат да дизајнираат сопствен курс, со материјали и ресурси кои сметаат дека се соодветни.
Оваа платформа за обука и овој проект нудат алатка, референца, серија ресурси и материјали за обука, од различно потекло и култури, но со заедничка врска: да се почитуваат вештините и знаењата кои домаќинките веќе ги стекнале. Изборот на најефикасните ресурси и најдобро прилагодени кон целната група е одлука на обучувачот. Идејата е секој да биде самоук, да учи и да ја запознае неговата/нејзината целна група и да може да употреби тоа што е најкорисно за таа група.
Целна група: Иако крајна цел на проектот MUPYME се жени (домаќинки), оваа онлине платформа за обуки ја нагласува потреба да да се обучат луѓето кои ќе бидат задолжени за обуките на овие жени, луѓето кои развиваат курсеви за обука и наставни активности за домаќинки.
MUPYME Планот за обука е структуиран во 7 области на знаење: Област на Знаење 1. - Сметководство; Област на Знаење 2. – Организација на претпријатие и човечки ресурси; Област на Знаење 3.- Одржување и Одржливост; Област на Знаење 4. – Квалитет, превенција на ризици и развој на план за безбедност; Област на Знаење 5.- Продажба, нарачки и маркетинг; Област на Знаење 6.- Информатика; Област на Знаење 7.- Развој на Стратешки план
Трансфер на вредност/добри идеи за AXESS: Зголемувањето на свесноста за потребата за индивидуална обука и употреба на нови технологии кои ја прават обуката попоријателска и флексибилна, има директни придобивки за обезбедување вработување и социјална инклузија. Методологиите и инструкциските материјали развиени во проектот може да се доработаат при нивната употреба во различни училишта, со цел за подобрување и прилагодување на целната група.
MUPYME обезбедува живи и корисни ресурси наменети да бидат трајни низ времето.
Иновативен Карактер: Проектот MUPYME предлага иновативна програма за обука низ цела Европа поради следните причини: Не е во прашање само развивање на основни вештини, туку да се охрабри техничкиот процес на интеграција на жените преку адаптирање на вештините стекнати дома. Педагошкиот и дидактичкиот развој за учење се пријателски и целосно прилагодливи кон други контексти, покрај MUPYME.


 Contents



 Bibliography






This project has been funded with support from the European Commission. This web site and its contents reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.