AXESS Acquisition of Key Competences for Economic and Social Sustainability

“WWWx30”, Дигитална Обука за Триесет Невработени Жени


CS_5_MK  

 Title
“WWWx30”, Дигитална Обука за Триесет Невработени Жени

 Keywords
Стручна обука; Менаџер на заедницата; е-учење;невработени жeни; Италија

 Author
IDP

 Languages
English

 Description
Work Wide Women (WWW) е start-up од Болоња, кој се состои од онлајн платформа за социјално учење за стручна обука на жени. WWW е проект за бесплатна дигитална обука за жени од Италија или странство, со поддршка од Амбасадата на САД во Италија. Проектот се фокусира на тоа како да се стане “Менаџер на заедницата”, една од најбараните дигитални професии во денешно време.
Обуката, со времетраење од 4 месеци, се изведува на WWW онлајн платформата и е структуирана во два главни моменти: секција за формирање на е-учење и една за вебинар формација. Вебинар се состои од 10 часа, додека е-учење формациите главвно се поделени на пет модули : Менаџер на заедницата; Аналитичар на социјални медиуми; Основа за Twitter; Блогирање; Facebook за бизнис.
Главната цел на проектот е да им помогне на жените да се позиционираат или ре-позиционираат во работниот свет, во период на криза и трансформација..
WWWx30 е одговор на прашањето за невработеноста на жените и за вклучување на жените во дигиталниот сектор, согледувајќи го јазот со спротивниот пол, правејќки им достапни сет од алатки и знаења.
Резултатите беа многу позитивни во однос на интересот (повеќе од 1.500 кандидати за 30 места, повеќе од 200 твитови и повеќе од 100 појавувања во списанија), но исто така резултатите (некои од учесниците жени после неколку месеци најдоа работа поврзана со проектниот сектор).
Што да се учи: Проектот WWWx30 покажува дека од долу-нагоре и партиципативни одговори кон тешкотиите во денешно време се можни. Исто така покажува дека причините за исклучување генерално се стого поврзани со недостаток од можности а не со широко распространета индиферентност. Затоа проектот како и неговите резултати сигурно можат да се реплицираат во други контексти.


 Contents



 Bibliography






This project has been funded with support from the European Commission. This web site and its contents reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.