AXESS Acquisition of Key Competences for Economic and Social Sustainability

ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ - Охрабрување на жените за стекнување на дигитални вештини


CS_6_MK  

 Title
ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ - Охрабрување на жените за стекнување на дигитални вештини

 Keywords
Жени, ИТ, Образование, Обука, Охрабрување

 Author
IHF

 Languages
English

 Description
Опис: WOMEN POWER CODE (ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ) е 3-годишен проект чија целна група се возрасни жени кои сакаат нови предизвици и сакаат да се стекнат со дигитални вештини, јазична и математичка писменост. Студиите за жени активни во Информатичката Технологија (ИТ) откриваат дека доколку повеќе жени одберат дигитална кариера, од тоа ке имаат придобивки дигиталната индустрија, самите жени и Европската економија. Потребна е измена во политиката, конкретно затоа што има алармантен пад на дипломирани ИКТ жени и намалено присуство на жени во СТЕМ областа (наука, технологија, инжинерство и математика) рефлектирајќи го родовиот јаз присутен во ИКТ секторот. Главните цели на проектот WOMEN POWER CODE (ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ) се: да ги охрабри возрасните жени кои немаат вродени дигитални вештини и сакаат да стекнат вештини за да влезат на пазарот на труд и да ја стимулира новата генерација на млади девојки кои имаат вродени дигитални вешштини охрабрувајќи ги да влезат во СТЕМ областа.
Целна Група: Проектот WOMEN POWER CODE (ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ) е 36-месечен проект чија целна група се возрасни жени (преку 40) кои сакаат нови предизвици и сакаат да стекнат дигитални вештини, јазична и математичка писменост; жени кои сакаат да разберат и да научат кодирано пишување за да го подобрат својот живот преку употреба на Интернет.
Алатки и Услуги: Проектот беше развиен бидејќи има помалку дипломирани жени во ИКТ/СТЕМ низ цела Европа, како и недостаток на жени во ИКТ/СТЕМ професиите. Затоа проектот ќе креира програма за дефинирање, елаборација, евалуација и унапредување на вештините за програмирање на жените со што ќе го промовира нивното учество во ИКТ/СТЕМ секторот; програмата се состои во дифузија од клучните концепти на ИНТЕРНЕТ НА НЕШТАТА (IoT) и елаборација на материјали за обука (на пр. текстови, видео туторијали и видео игри) во средина за социјално учење која ја подобрува обуката и стекнувањето знаења. Крајните чекори на проектот се: елаборација на Упатство за Обука со 6 модули за нова специјализација во ИТ областа за жени (во однос на 3Д принтери, нивна практична примена и Интернет на нештата), креирање на ВИДЕО ИГРА ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ за возрасни жени да играат и учат, и креирање на ЗАЕДНИЦА ЗА СОЦИЈАЛНО УЧЕЊЕ која им дозволува на жените да разговараат и споделуваат заеднички интереси и да сподеуваат решенија во однос на заеднички прашања.
Трансфер на вредност/добри идеи за AXESS: Проектот WOMEN POWER CODE (ЖЕНСКИ КОД ЗА МОЌ) предлага иновативни и отворени практики во дигитална ера. Ја нагласува важноста од ИТ образование за жени, со цел да се зајакне економијата и да се намали родовиот јаз во оваа област. Со употреба на нови и пријателски технологии и методи за обуки, таа ја следи целта за охрабрување на возрасни жени преку креирање на интегрирана образовна рамка за да им помогне да стекнат и да ги унапредат своите вештини и да се зголеми нивното учество во СТЕМ областа. Концептот на зајакнување е екстремно важен: целта не е само да се пренесе know-how, туку да се развијат вештини кои ќе бидат трајни и долготрајни

 Contents



 Bibliography






This project has been funded with support from the European Commission. This web site and its contents reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.