EN | SK | GR | MK | IT | ES | RO


13/12/2018



[ Назад ]

Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, Македонија учествуваше на третиот Транснационален Проектен Состанок од Проектот AXESS во Атина, Грција.


На 13-ти Декември, ИРЗ – Тетово се состана со уште 7 партнери од 6 држави (Белгија, Грција, Италија, Романија, Словачка и Шпанија) во Атина, Грција, да разговараат за одредени точки од проектот AXESS (Стекнување на Клучни Компетенции за Економска и Социјална Одржливост).
AXESS е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус програмата на Европската Комисија, Клучна Акција 2. Целта на проектот е развивање и потврдување на иновативни обуки за подобрување на дигитални вештини кај возрасни со ниски-квалификации во Европа, особено фокусирајќи се на возрасни жени.
Досега, во рамките на проектот AXESS се развија 10 Модули за обука и 49 Training Fiches (документи со кои се сумира содржината на модулите за обука) на 7 јазици ( Англиски, Италијански, Македонски, Шпански, Грчки, Романски и Словачки), кои наскоро ќе бидат достапни на AXESS ОЕР Платформа на веб страната: www.axesslearning.eu/.
За време на состанокот, партнерите ја ревидираа ОЕР (Отворени Едукативни Ресурси) Платформата и курсевите за обука кои се развиени. Исто така партнерите го разгледаа планот во рамките на фазата Тест и Валидација, во однос на време и испорака на курсевите, како и алатките и методите за собирање на повратни информации од учесниците.
Понатаму, Дисеминација и Обезбедување на квалитет беа значајни точки кои се дискутираа со цел да се зголеми видливоста на проектот и да се обезбеди висок квалитет на проектните резултати.
Институт за развој на заедницата, ИРЗ - Тетово е водечка организација за IO4: AXESS Пилот и Валидација. ИРЗ ќе ги координира задачите од планот за валидација до собирање на повратни информации и изработка на Упатства за идна обука.
Повеќе информации за проектот AXESS и ИРЗ – Тетово:
ИРЗ веб страна :www.irz.org.mk
ИРЗ е-маил: info@cdi.org.mk
AXESS веб страна: www.axesslearning.eu/




Овој проект е финансиран со поддршка од Европската Комисија. Оваа веб-страница и нејзината содржина ги одразуваат ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во неа.