EN | SK | GR | MK | IT | ES | RO


10/05/2018



[ Назад ]

Проект AXESS: Здружението “Институт за развој на заедницата”, ИРЗ – Тетово учествуваше на вториот состанок во Пескара, Италија


Вториот состанок во рамките на проектот AXESS (Стекнување на Клучни компетенции за Економска и Социјална Одржливост) се одржа во Пескара, Италија на 3-ти и 4-ти Мај. На состанокот учествуваа партнерите од Конзорциумот составен од 8 организации од 7 Европски држави (Белгија, Грција, Италија, Република Македонија, Романија, Словачка, Шпанија).
AXESS е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Aкција 2. Целта на проектот е да развие и потврди иновативни обуки за подобрување на дигиталните вештини на возрасните во Европа, со фокус на возрасни жени со ниски квалификации.
За веме на состанокот, партнерите ги анализираа досега постигнатите резултати и ги планираа задачите и активностите кои треба да се спроведат во наредните месеци. Партнерите ги разгледаа сите активности произлезени од ИО1 – ОЕР Платформа & Виртуелна заедница и разговараа за клучните наоди од ИО2 – Мапирање на Дигитални Вештини и Компетенции, произлезени преку анализа на специфични ситуации од областа на дигитални вештини кај возрасни жени во рамките на државите од Конзорциумот и во Европа како целина. Состанокот претставуваше можност за финализирање на листата со курсеви за обуки кои треба да се развијат во рамките на ИО3 - AXESS содржина на 7 јазици.

Партнерите од проектот AXESS исто така ги планираа идните активности за Дисеминација со цел да се постигне видливост на Проектот.




Овој проект е финансиран со поддршка од Европската Комисија. Оваа веб-страница и нејзината содржина ги одразуваат ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во неа.