EN | SK | GR | MK | IT | ES | RO


25/09/2019



[ Назад ]

Здружението “Институт за развој на заедницата” (ИРЗ), учествуваше на завршниот состанок на проектот AXESS во Свати Јур, Словачка


На 25ти Септември, ИРЗ се состана со 7 партнери од 7 држави (Белгија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Словачка и Шпанија) во Свати Јур, Словачка, за да разговараат за специфични точки од проектот AXESS (Стекнување на Клучни Компетенции за Економска и Социјална Одржливост).

AXESS е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Акција 2, која цели кон развивање и потврдување на иновативни тренинзи за подобрување на дигиталните компетенции на Европски возрасни со ниски квалификации, особено фокусирајќи се на возрасни жени.

Во рамките на проектот се создадени 10 Тренинг модули и 49 Тренинг Фишеа на 7 јазици (Англиски, Италијански, Македонски, Шпански, Грчки, Романски и Словачки), кои се достапни на AXESS ОЕР Платформа на: www.axesslearning.eu.

За време на состанокот, партнерите разговараа за ИО1 ОЕР Платформата и нејзиниот статус, потоа беа прикажани и се коментираше за резултатите од Дисеминацијата и беа предложени сугестии за подобрување на специфични делови пред крајот на проектот. Секој претставник од партнерските организации го прикажа планот за идните настани за мултиплицирање, за понатамошно проширување на публиката на Проектот AXESS, и за тоа како да се промовира влијанието на ОЕР Платформата по завршувањето на проектот. Беа разгледани административни аспекти и известувањето, заедно со делот за Обезбедување на Квалитет, со цел да се подобрат севкупните состојби во проектот.

ИРЗ Тетово, како партнер во проектот, го креираше модулот: Проектен менаџмент и Управување со време. ИРЗ е одговорен партнер за интелектуалниот резултат ИО4 Тест и Валидација, кој успешно беше реализиран во соработка со сите партнери. Врз основа на добиените резултати од ИО4 Тренинзите, ИРЗ подготви извештај кој служи за потврда и валидација на создадените модули како и за подобрување на истите. Во рамките на ИО4, ИРЗ изработи прирачник за едукатори и за корисници на ОЕР Платформата, со цел ефикасно користење на сите создадени материјали во рамките на Проектот AXESS.

За повеќе информации за проектот AXESS и ИРЗ:
www.irz.org.mk
info@irz.org.mk
www.axesslearning.eu




Овој проект е финансиран со поддршка од Европската Комисија. Оваа веб-страница и нејзината содржина ги одразуваат ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во неа.